ЕСТОНЦИТЕ ГО ТЕСТИРААТ ПРВИОТ ДИГИТАЛЕН ИМУНИТЕТСКИ ПАСОШ

//

Естонија започна со тестирање на еден од првите дигитални имунитетски пасоши во светот, со цел да се обезбеди безбедно враќање на вработените на своите работни места по епидемијата на коронавирусот.

Дигиталниот имунитетски пасош собира податоци за тестот и им овозможува на луѓето да го покажат својот имунитетски статус на трето лице, како што е работодавачот, преку привремен QR код по дигитална верификација.

„Дигиталниот имунитетски пасош има за цел да ги намали стравувањата и да ги стимулира општествата ширум светот да го продолжат животот среде пандемија“, рече Тавет Хинрикус, основач на „Трансфервејс“, светски позната технолошка стартап компанија што учествуваше во проектот.

Меѓу првите компании што се приклучија на проектот се хотелите „Радисон“, каде што директорот на хотелот „Радисон Блу Скај“ во Талин, Каидо Ојаперв, вели дека компанијата се обидува да пронајде секакво решение за да можат вработените да се вратат на работа, а гостите да доаѓаат во хотелот.

Во Естонија, 64 луѓе починале од коронавирус, а 1.791 се заразиле. Овој месец, таа започна да ги укинува рестриктивните мерки, а минатата недела ги отвори своите граници со Литванија и Летонија.



Извор: Макфакс



Претходна статија

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ПРЕДЛОЖИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД САБОТА НАВЕЧЕР ДО ВТОРНИК НАУТРО

Следна статија

ВАЖНО ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ: ПРОДОЛЖЕНИ СЕ ЈУНСКАТА И СЕПТЕМВРИСКАТА СЕСИЈА

Најново од Вести