ЗА ЗАЕВ РУЖИН ЏУНИОР Е МЛАД И ОБРАЗОВАН ЧОВЕК, НО НЕ СПОМНА НИШТО ЗА НЕГОВИТЕ ДОСТРЕЛИ ВО НУМЕРОЛОГИЈАТА

//

Александар Ружин е млад човек, добро образован и може да помогне. Ангажирав такви луѓе за да им дадам можност да се градат во ова општество. Мала земја сме и треба да ги искорстиме тие капацитети, рече премиерот, Зоран Заев, на денешната собраниска седница одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Антонио Милошоски, јавува Фокус.

Милошоски го праша Заев зошто има потреба од советници како Александар Ружин и Љупчо Зафировски. Како што рече Милошоски, првиот зема месечен надомест од 50.000 денари, а вториот од 75.000 денари.

Според Милошовски, Заев со државни пари поткупува јавно мислење, бидејќи овие луѓе и нивни блиски секој ден се појавуваат на медиуми како ескперти и ја фалат Владата.



Премиерот рече дека Ружин и Зафировски имаат конекции со Франција, кои се во корист за Владата.

Претходна статија

„ПЛАТИ КАФЕ СО УМЕТНОСТ“ – МЛАДИСКА АКЦИЈА ВО КОЧАНИ

Следна статија

ИФТАР ВЕЧЕРА ВО ПРЕСРЕТ НА РАМАЗАН БАЈРАМ

Најново од Вести