| |

За прв пат чета на АРМ ќе учествува на воената парада на бугарската армија која ќе се одржи на 6 мај во Софија

Првпат на воената парада за празникот на Бугарската армија на 6 мај ќе учествува и репрезентативна единица на Армија на Република Македонија, што за министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, претставува знак за партнерство и сојузништво.

Според неговата македонска колешка Радмила Шекеринска, пак, која е во посета на Софија, интензитетот на соработката во областа на одбраната покажува дека потпишаниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија не е само на хартија. Таа се заблагодари за поддршката од Бугарија за членство на Македонија во НАТО и во Европска унија.

Поради 140-годишниот јубилеј од создавањето на Бугарската армија, воената парада за Денот на храброста 6 мај годинава ќе биде помасовна. Во неа ќе учествуваат 1.600 припадници на оружените сили, 52 борбени возила на копнените и на ракетните единици, како и 14 авиони и хеликоптери на воздухопловните сили.

Слични Објави