Глушец касна 10-годишно дете на игралиште во Капиштец
Немил настан се случи на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете е каснато од глушец додека си играло со други деца, објави ТВ Сител, пренесува Фокус.
Според информациите, детето завршило со раскрварена рака.

Медицинскиот извештај покажува дека детето било нападнато од глушецот на игралиште, што претставува директна последица на лошата хигиена и преполните контејнери кои со денови ги преплавуваат скопските улици и населби.
Градот буквално се претвора во депонија, а граѓаните стравуваат од ширење на зарази.
