ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ ПРИВЕДЕН НА АЕРОДРОМ ВО БЕЛГРАД

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо вчера бил притворен во Белград. Неофицијално, Палевски бил приведен пред да се качи во авион за Москва.

Информациите се дека Палевски е притворен по потерница од Хрватска, а сега се наоѓа во екстрадициски притвор.

Бизнисменот се соочува со кривична пријава и во Македонија откако во април оваа година во Прилеп со мегафон пушташе „бомби“.

Очекуваме официјални информации од нашите институции за апсењето.