ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ НА БОКИ 13

Бојан Јовановски и понатаму останува во притвор, откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена, неофицијално дознава „Фокус“.

Јовановски веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“, а последните 30 дена му истекуваат денес.

Тој заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“. Според истрагата, наводно бизнисменот Орца Камчев на Боки 13 и на Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“, во кој Камчев ја има улогата на осомничен, а според обвинителството, и Јанева била дел од пазарот.