Договори и Илиндени

///

Пишува: Атанас Величков

После пријателското потсетување на македонската политичка елита од страна на евроамбасадорот Дејвид Гир дека преговарачкиот процес може да запре, доколку истата таа елита не ги вклучи македонските Бугари во Уставот на РС Македонија, се појави насушна потреба на сцената да излезе некој, што ќе ја смири нацијата. Во таа улога се појави претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој од етерот на една од најгледаните македонски телевизии, ги смири граѓаните дека за Илинден не се предвидени никакви катаклизми од типот „заедничко славење со Бугарите“ или додавка „Преображенско“ во името на востанието од 1903 г.

На денешен ден пред 5 години тогаш уште Република Македонија го потпиша Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Република Бугарија. Пет години подоцна, последното нешто за кое што се зборува кога во Скопје, ќе се спомне официјална Софија е пријателството. Се разбира дека за тоа, според политичкиот естаблишмент овде, виновна е само и единствено Софија, бидејќи за разлика од современите и прогресивни политичари во Скопје, нивните бугарски колеги се заглавени во XIX век. Некаде таму во виорот на борбите за црковна независност и добивањето на султанскиот ферман за Егзархијата и формирањето на Организацијата. Во овие две победи на бугарскиот дух, нема место за „милениумските“ Македонци, бидејќи тие не се и никогаш не биле Бугари.

Токму затоа се јави Пендаровски. Тој беше должен да ја смири јавноста дека нема да има заедничко славење со Бугарите. Напротив, Илинден ќе се славел како што се славел и децении порано. Новитетот што беше соопштен пред два дена од прес-службата на претседателот, а имено за добиената дозволата од страна на српскиот патријарх Порфириј, Илинден по 18 години да биде одбележан во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Информацијата беше потврдена и од самиот Пендаровски. Значи, Меморијалниот центар во Пелинце годинава ќе извиси, а најверојатно после дадената дозвола од патријарх Порфириј, слободно може да се претвори во буниште. Комунистите во Бугарија го товеа народот со „дружбата од векове за векове“ со СССР (денеска со Руската федерација), а комунистите во РС Македонија го смируваат народот дека црковниот проблем со Србија е решен и веќе ништо не ѝ прави сенка на братската прегратка.

Сето тоа е прекрасно. Македонците нема од што да се плашат. Никој нема да ги бугаризира, а за Илинден наместо со Бугарите на Мечкин камен, оти тоа не е решено од Комисијата, главниот настан ќе биде во манастирот „ Св. Прохор Пчински“. Таму, како што му ветил Вучиќ на Пендаровски се ќе биде како што доликува, ќе има како бонус и српска црковно-политичка делегација предводена од првиот дипломат на Србија Никола Селаковиќ. За жал, Вучиќ нема да биде присутен, но тоа не значи дека вниманието на целата македонска јавност, сакала или не, нема да биде насочена на север. Како што било секогаш од Вториот Илинден наваму.

Се разбира, доколку во некоја светла иднина Комисијата договори заедничко прославување на Илинден со Бугарите, тие сигурно нема да инсистираат да праќаат делегација во „ Св. Прохор Пчински“. По конечно потпишаниот договор со Бугарија, македонската делегација, сакала или не ќе треба да оди заедно со Бугарите на Мечкин камен. Ќе ги гледаме и двете делегации како висат на таму, слушајки ги химните на двете држави и гледајки се под око. Нели затоа беше потпишан Договорот?! Пендаровски самиот кажа дека Преспанскиот и Бугарскиот договор, биле потпишани само за да може РС Македонија да го оствари својот стратешки интерес и да стане дел од НАТО и ЕУ. Задршката дека Договорот со Бугарија не е за спроведување, ами е нужно зло, како и Преспанскиот, иако истиот барем во некои делови е спроведен, (тука се разбира не влегува само брусењето на сонцето од Кутлеш на шахтите) треба да ја заборавиме.

За Охридскиот договор нема дилеми, тој е донесен со силата на оружјето. Мисли ли некој дека договорите со Бугарија и Грција се донесени на мирен начин?



Во некоја светла иднина РС Македонија ќе се согласи и на чествување со Бугарите, но само, ако Комисијата го препорача. Пендаровски ја продолжува политиката на Заев. Ги храни со лажна надеж македонските граѓани, кои се уште не можат да бидат сигурни какви етнички Македонци се, дали од времето на Александар или од времето на Брашнаров, Влахов, Ченто и останатите.

Заедничка прослава на Илинден ќе има и не заради тоа што така ќе одлучи Комисијата, а затоа што тоа е нешто од кое нема бегање. Не е нешто што може да се избегне со неколку лажни ветувања во Софија, дадени пред Борисов, Захариева и Каракачанов или пак со лицемерно „Љубави, како си ти“ во Сараево пред зачудениот поглед на српската премиерка Ана Брнабиќ.

Бугарски официјални лица ќе доаѓаат во РС Македонија за Илинден, затоа што многу бугарска крв на македонски Бугари и Бугари од стара Бугарија се пролеала за еден ист идеал. Мечкин Камен нема да се претвори во змијарник, за разлика од буништето на Пелинце, затоа што за некои работи и симболи не може и не треба да има замена.

Едно нешто е сигурно, утре во „Св. Прохор Пчински“ нема да биде интонирана химната, што била интонирана на почетокот од историското Прво заседание на АСНОМ. Таа химна била бугарска, како што биле Бугари и повеќето делегати. Тоа се фактите. Македонизмот во неговата најчиста антибугарска форма масовно и насилно ќе се наметне малку подоцна. Од овој историски факт исто така нема како да се избега. Колку и да се цврсти историчарите од македонската страна на комисијата, како што вели Пендаровски. Со лаги ништо не може да се одбрани, со лаги само се тоне! Патриотите од Македонија и Бугарија знаат дека еден ден во блиска иднина и на Мечкин камен и на Пелинце ќе се пее единствената вистинска македонска химна:

Изгрѣй, зора на свободата, зора на вѣчната борба.
Изгрѣй въ душитѣ и въ сърцата на всички роби по свѣта!
Тирани, чудо ще направимъ, ний чуждо иго не търпимъ,
съ юнашка кръвь ще ви удавимъ, и пакъ ще се освободимъ!



Претходна статија

Кој го убива МАНУ?!

Следна статија

(Видео) Биков: Антибугарската теза во РС Македонија е антиевропска

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот