Почна отстранувањето на барикадите на Северот на Косово
На северот на Косово почна отстранувањето на барикадите од сите главни и споредни патишта.
Се поместуваат и камиони за да се овозможи нормално одвивање на сообраќајот. Насобраните Срби се повлекуваат од барикадите и во текот на денот се очекува целосно да се одблокираат патиштата и повторно да профункционираат граничните премини Јариње и Брњак, додека косвското МНР им порача на граѓаните кои се наоѓаат во Србија да ги користат другите гранични премини меѓу кои и Прешево.
Барикадите Србите ги поставија вчера пред почетокот на спроведувањето на одлуката на Приштина за менување на српските регистарски таблички и документи.
Косовскиот премиер Албин Курти утринава порача дека мерките за реципроцитет ќе престанат да се применуваат штом се отстранат сите барикади.

