Почина Илинка Митрева, поранешна министерка за надворешни работи

/

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, објави СДСМ.

„ Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и министерка за надворешни работи. Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.

Нека почива во мир“ пишува во објавата на владејачката партија.

Митрева е родена 1950 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирала на Филилошкиот факултет во Белград. Докторира на Филолошкиот факултет во Скопје.



Од 1994 до 2001 година беше пратеник во Собранието, и претседател на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шеф на собраниската Група за соработка со Европскиот парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.

Од 2002 до 2006 година беше министер за надворешни работи.

Претходна статија

Русковска за Алсат: Јавниот обвинител не може да се меша во конкретните предмети на обвинителите

Следна статија

Над 1.000 нови случаи со Ковид-19

Најново од Вести