Русковска за Алсат: Јавниот обвинител не може да се меша во конкретните предмети на обвинителите
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска го оспорува извештајот изготвен од Јавното обвинителството на Љубомир Јовески, во однос на претресот во Управата за финансиска полиција. Таа за Алсат вели дека јавниот обвинител нема законско право да се меша во постапувањето по конкретен предмет. Претходно од ОЈО соопштија дека констатирале неправилности кај обвинителите што извршија претрес на работата на Арафат Муареми. Оттаму додаваат дека од обвинителките биле побарани одредени информации, но Русковска негира дека и таа била повикана да даде изјава.
„Само еден од јавните обвинители постапи по задолжението и ја достави бараната информација. Одбивањето да се даде бараната информација за да се утврдат фактите за постапувањето по конкретниот предмет, го поткрепува сомнежот за недоследности во постапувањето“, велат од ОЈО.
„Не, од мене не е побарано да доставам изјава“, изјави Вилма Русковска – Шефица на Обвинителство за гонење организиран криминал.
Понатаму, од ОЈО информираат дека лицата од Управата над кои се вршел претресот имаат полициски овластувања, па затоа за нив може да постапува единствено Специјализираното одделение за гонење кривични дела извршени од лица со полициски овластувања.
„Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија укажува дека предметот треба да се заведе во соодветен уписник и согласно распоредот да се додели на јавен обвинител кој е распореден во Специјализираното одделение“, нагласуваат од ОЈО.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Алсат