| |

Бугарскиот музичар Виктор Теодосиев ја доби големата награда на конкурсот „Охридски бисери“

Наградата „Гран при“ на меѓународниот натпревар од областа на класичната музика „Охридски бисери“ му е доделена на младиот бугарски хорнист Виктор Теодосиев, соопшти Организациониот одбор на натпреварот.

„Охридски бисери“ е меѓународен натпревар од областа на класичната музика во Република Северна Македонија, кој се одржува од 2002 година, а годинава во истиот учествуваа млади уметници од Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Турција и Северна Македонија.

Жирито на конкурсот е составено од музичари и наставници по флејта, кларинет, обоа, саксофон, труба и француска хорна од повеќе европски музички академии, како и од Факултетот за музичка уметност во Скопје, а го сочинуваат проф. Питер Арнолд. Дејан Гавриќ и проф. Детлеф Бенсман од Германија, Роман Видашчек од Полска, проф. Васо Ристов, проф. Страшо Темков и проф. Гордана Јосифова Неделковска од Република Северна Македонија, проф. Игор Цецохо од Белорусија/Полска и проф. Јасен Теодосиев од Бугарија.

Победникот на натпреварот Виктор Теодосиев доби парична награда и рачно изработен филигрански накит со охридски бисери, а беше доделена и наградата на Европската асоцијација за музички натпревари, која на носителот му дава можност да учествува на мастер класи и концерти во повеќе европски градови. Наградата ја доби кларинетистот Томаш Гжебиен од Полска.

Третото место на конкурсот го доби флејтистката Ирена Панич од Србија, а меѓу добитниците на специјалните награди – за најдобра изведба на дело од Моцарт беа Виктор Теодосиев и Цветелина Занкова.

Натпреварот „Охридски бисери“ се одржува под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија и градоначалникот на општина Охрид.



Слични Објави