|

Комбе за џамијата во Арачиново доделил директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

Општина Арачиново не е заборавено село туку е општина која заслужува и има потреба од грижа, особено од државните институции, порача директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на Фејсбук.

Агенцијата како што има напишано Небиу, обезбедила и пуштила во процедура издавање на транспортно возило за услугите на џамијата во општина Арачиново.

„Со оваа донација покажуваме дека Општина Арачиново не е „заборавено село“, туку е општина која заслужува и има безброј потреби за грижа, токму од државните институции. Затоа мојата соработка со граѓаните ќе биде континуирана. Нашите активности ќе продолжат, нема да застанеме тука“, напиша Небиу на својот фејсбук-профил.



Слични Објави