|

Уредено рекреативно место кај Крстот во Усје

Финализираа градежните активности во Усје, во местото познато како Крст. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети оваа локација, која сега претставува рекреативен простор со бројни содржини. На 800 квадратни метри е извршено целосно партерно уредување, поставена е урбана опрема, изградено е детско катче, поставено осветлување. За прв пат, Општина Кисела Вода го асфалтираше и патот што води до овој нов простор за одмор, дружење и за рекреација. Истиот има површина од околу 750 квадратни метри.

„Завршивме со целосното партерно уредување на местото викано Крст во Усје и со тоа овоможивме нашите жители да добијат ново место за рекреација и дружење. Овој простор, го оплеменивме со парковско зеленило, поставивме клупи и корпи за отпадоци, изградивме детско катче и ново штедливо осветлување. Особено е значајно тоа што за прв пат, патот што води до овој простор го асфалтиравме, што го прави лесно достапен за сите граѓани. Сметам дека секој човек има право на квалитетно проведено време во природа, и затоа во овие две години неуморно работиме за тоа да го овозможиме. Посветеноста резултираше со преку десет нови спортско-рекреативни центри во општина Кисела Вода, каде луѓето се дружат, спортуваат и уживаат во природата. Верувам дека новоизградениот рекреативен простор во Усје, тука кај Крстот, ќе биде место каде што сите ќе можеме да се сретнеме, да размениме идеи и да уживаме во пријатната атмосфера“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Слични Објави