| |

Scope Ratings го зголеми реjтингот на Бугарија до A- со стабилна перспектива

Агенцијата за кредитен рејтинг Scope Ratings го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Бугарија на ’A-’ од ’BBB+’ во домашна и странска валута. Со оваа оценка, Бугарија за првпат добива рејтинг што спаѓа во високата инвестициска категорија. Перспективата на рејтингот е стабилна, соопшти Министерството за финансии на Бугарија, пренесува БГНЕС.

Според агенцијата, пристапувањето на земјата кон еврозоната ќе го зајакне кредитниот профил преку подобрување на повеќе клучни области, вклучувајќи елиминирање на девизниот ризик, зајакнување на флексибилноста на монетарната политика и олеснување на пристапот до развиените капитални пазари на еврозоната. Дополнително, членството ќе обезбеди пристап на домашните банки до инструментите на Европската централна банка и на државата до Европскиот стабилизациски механизам, што ќе ја поддржи финансиската стабилност и ќе ги намали трошоците за финансирање како за јавниот, така и за приватниот сектор.

Scope Ratings очекува во среднорочен период економската перспектива на Бугарија да биде поттикната од континуираниот прилив на европски фондови и членството во еврозоната. БДП се прогнозира да порасне за 2,8% во 2024 година, 2,6% во 2025 година и 2,9% во 2026 година во реално изразување. Траекторијата на растот е поддржана од сериозни европски средства.

Во среднорочен период, пристапувањето кон еврозоната се очекува да ги стимулира директните странски инвестиции и да ја продлабочи трговската интеграција со другите земји членки, што дополнително ќе ги зајакне позитивните макроекономски перспективи за Бугарија.



Слични Објави