ДОНАЦИЈА НА ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КЛИНИКИ
Германскаta Амбасада ќе донира речиси 2,5 милиони денари како помош на Клиниката за инфективни бoлести, КАРИЛ и Клиниката за неврохирургија. Средствата се предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.
Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка на медицинска опрема.
