ЧУЛЕВ: НЕМА ПРИЈАВА ЗА ПРИСЛУШКУВАЊЕ ИЛИ СЛЕДЕЊЕ НА РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ

Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушувано раководството на ВМРО-ДПМНЕ, јавува Фокус.

„Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство“, рече Чулев.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушување или следење на политички претставници.