|

Централна Европа се подготвува за прием на бегалци од Украина

Централноевропските земји се подготвуваат да примат бегалци од Украина.

Поранешните членки на Варшавскиот пакт и сегашните членки на НАТО, Полска, Унгарија, Словачка и Романија делат копнена граница со Украина, земја со 44 милиони жители.

„Пунктовите за прием на бегалците од Украина ќе бидат отворени во следните неколку часа“, изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи Павел Шефернакер.

Во првата фаза ќе бидат отворени осум пунктови со храна, медицинска помош и информации за евентуални бегалци.

Извор: Темите

Слични Објави