| |

ИДЕОЛОШКИОТ И АНАЛИТИЧКИ ЦЕНТАР CONSERVATIVE.MK СО ДЕБАТА НА ТЕМА „СЛОБОДНИ И ФЕР ИЗБОРИ“

Идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив МК (www.conservative.mk), на 21.11.2018, среда, од 12:00 до 13:00 часот во кафе-бар „Клиника“, веднаш до влезот на Католичка црква ќе организира дебата на тема „Слободни и фер избори“. Во дебатата ќе земат учество:

Граѓанско Демократска Унија – ГДУ, Петар Колев – претседател
Алијанса на Албанците- Кренар Лога – член на централното собрание на АА
ВМРО – Народна партија, Љубчо Георгиевски – претседател или Слободан Близнаковски член на извршен одбор
Обединети за Македонија – Михаил Новковски
МОДА граѓанска асоцијација – Благојче Атанасовски, политички аналитичар
Алијанса за позитивна Македонија/Партија за општествен и економски напредок по ново, Медо Балиќ, член на извршен одбор
Либерална партија, Ивон Величковски – претседател или Филип Николовски – генерален секретар
Либерално Демократска партија ЛДП – Зоран Шапуриќ, потпретседател
Јове Кекеновски – ФРОДЕМ, политичар и автор на книгата Политички Системи
ТМРО – политичка партија, Ванчо Шехтански – претседател
Конзерватив МК ќе има свој претставник на дебатата (Стефан Василевски, управител)

Дебатата ќе биде предводена од Александар Богоевски, главен и одговорен уредник на Конзерватив МК.



Слични Објави