НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА ИЗВРШИТЕЛИТЕ НАПЛАТИЛЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР И ГРАЃАНИТЕ
Извршителите лани од граѓаните, фирмите и другите должници наплатиле околу 127 милиони евра, стои во Годишниот извештај на Комората на извршители, пренесува Лидер.
Ова, како што се наведува во Извештајот, е реализирано само од 55,69 отсто од предметите дадени за извршување.
Најмногу пари се наплатени од фирмите 78,7 милиони евра. Од граѓаните се наплатени 33,4 милиони евра, додека од државата се наплатени 15,9 милиони евра.

