ХОТЕЛИТЕ ВО ГРЦИЈА ЌЕ ПРАВАТ БЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ЗА СВОИТЕ ГОСТИ
Големите грчки хотели соопштија дека веќе имаат доволно резервации и дека ќе почнат со примањето гости од почетокот на јули под нови услови.
Заедно со мерењето на температурата во хотелите ќе се вршат и бесплатни тестирања за коронавирус.
Грчкиот премиер Мицотакис изјави дека мерките за заштита од вирусот ќе се применуваат строго не само во хотелите туку и на плажите.
Туристичката сезона во Грција започнува од 15 јуни, кога ќе бидат отворени и границите на земјата, но само за одредени држави.