| |

Во бугарскиот град Харманли се одржа настанот „Да поговориме за Левски“

Во градот Харманли Бугарија се одржа настан, дел од одбележувањата на годишнината од смртта на најголемиот бугарски револуционер Васил Левски. На настанот насловен „Да поговориме за Левски“ беа поканети едни од најголемите бугарски историчари проф. д-р Пламен Митев, проф. д-р Пламен Павлов а исто така и познатиот бугарски бизнисмен и мецена д-р Милен Врабевски.

Д-р Врабевски изнесе кратка лекција со љубопитни факти за својот пра пра дедо Хаџи Стањо Врабевски, кој бил еден од најблиските соработници на апостолот на бугарската слобода во градот Тетевен. Врабевски им поклони на присутните две изданија на фондацијата „Бугарска памет“, училишното помагало „Мојата Бугарија“ и книгата „Хаџи Стањо Врабевски и тетевенскиот револуционерен комитет“.

Професорите Митев и Павлов ги запознаа присутните со интересни факти и нови податоци поврзани со животот и делото на Васил Левски.

Слични Објави