ГРЧЕВА: НЕ СЕ ОТКАЖУВАМЕ ОД ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ – МОЖЕБИ ГО МЕСТАТ

Не се откажуваме од Љупчо Палевски додека не се испита целата работа. Ова го вели претседателката на политичката партија „Глас за Македонија“, Солза Грчева, откако нивниот генерален секретар беше приведен во Белград.

  • „Можеби ова му е подметнато. Да видиме за што станува збор. Тој не одеше некаде во својство на партиски функционер, си оди во својство на бизнисмен, има своја работа и бизнис. Работи со котли и колку што знам извезува во Србија, Русија, Хрватска и каде се не. Не сум во тек со неговата работа, како што ниту тој не е со мојата. Тоа не е партиска работа, но можеби му е наместено“, вели таа за 360 степени.

Додава дека иако на веб-страницата на партијата на Грчева стои дека Палевски е генерален секретар, го ставил некој од администраторите, бидејќи како што вели тој се уште не е официјално избран од партиските органи за таа раководна позиција иако така е планирано.

Веста за приведувањето на скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо ја објави Скопје 1.

Според порталот, скопскиот бизнисмен е притворен по потерница од Хрватска, во моментот кога сакал да се качи во авион за Москва.

Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“, а сега е во екстрадициски притвор.