ФЕТАИ: „НЕ СЕ СМЕЈТЕ ТОЛКУ МОЖЕ ПАК ЈАС ДА ГО ВОДАМ ПРЕДМЕТОТ”

По барањето на СЈО за преземање на предметите од СЈО во Јавното обвинителство денешната расправа за случајот „Титаник 3“ беше одложена.

По прв пат СЈО бара одложување на судското рочиште.

Познато ни е дека во тек е постапка за предавање на предметите до Јавното обвинителство . Со самото тоа што предметот е во надлежност на републичкото обвинителство од каде треба да одлучат кој ќе го води рече Фетаи .

На прашање на претседателката на советот која го води случајот адвокатите на дел од обвинетите се насмеаја на што обвинителката Фетаи одговори ,,не се смејте толку може пак јас да го водам предметот “.