Russian President Vladimir Putin smiles during a ceremony at a Russian Chapel in Kranjska Gora, Slovenia, Saturday, July 30, 2016. Slovenia, which has joined sanctions against Russia for its annexation of Crimea and meddling in Ukraine, has been very careful to portray Putin's visit on Saturday as strictly informal and not against the EU policies. (AP Photo/Darko Vojinovic)

ПУТИН ГО НАРАЧА НАЈДОЛГИОТ МОСТ НА СВЕТОТ

//
Рускиот претседател Владимир Путин на владата ѝ наложи да направи план за изградба на мост што ќе го поврзува островот Сахалин со копното на Русија. Инаку, како што изјави Путин, за овој мост се зборува со децении. Путин исто така ја задолжил руската влада да работи на изведбата на овој проект.Сахалин е единствениот регион во Русија без копнена врска со земјата. Изградбата на мостот до Сахалин ќе биде тешка и скапа бидејќи мостот ќе биде долг 580 километри и ќе соржи нивоа за железнички и други инфраструктурни врски. Проектот ќе чини неколку милијарди долари.

 

Рускиот претседател истакна дека мостот ќе им го олесни животот на луѓето: „Можете да дојдете и да заминете во секое време од годината, во било кое време”. Сахалин е единстеното место во Русија што нема врска со копното. Крим во мај беше поврзан со изградба на најдолгиот мост во Европа. Градењето мост кон Сахалин ќе чини многу повеќе и ќе подразбира доста посложен проект. Проектот ќе бара изградба на три главни и повеќе од 10 дополнителни распони и ќе чини неколку милијарди долари. Бројот на населението на островот се намали за повеќе од 30 проценти, и денес се сведува на едвај 500.000 токму поради оддалеченоста на регионот и недостатокот на патишта со копното Русија. Во уште поамбициозен проект, Русија претходно предложи изградба на мост којшто ќе го поврзува јапонскиот остров Хокаидо што се наоѓа јужно од островот Сахалин. Двата моста ќе ја „претворат“ Јапонија во континентална држава.





Претходна статија

МВР ЈА ОДЗЕМА ДОКУМАНТАЦИЈАТА ЗА ГРАНТОВИТЕ

Следна статија

КРИКЕТ ЅВЕЗДАТА ИМРАН КАН ПОБЕДИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО ПАКИСТАН

Најново од Магазин