МВР ЈА ОДЗЕМА ДОКУМАНТАЦИЈАТА ЗА ГРАНТОВИТЕ

///

Основното јавно обвинителство издаде налог за гонење против организиран криминал и корупција, МВР од Фондот за иновации и технолошки развој вчера ја одзело потребната документација за распределбата на грантовите од Фондот на носители на јавни функции.

ЈО и МВР не го коментираа настанот, бидејќи станува збор за предистражна постапка.

По допрен глас, на 23 јули ОЈО оформи предмет за можните злоупотреби при доделувањето грантови од Фондот за иновации и технолошки развој на компании во кои удел имале и носители на јавни функции.

Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, завчера побара во рок од 15 дена сите 79 компании од првиот инвестициски бран на Фондот да достават изјава со која се потврдува односно негира дали во својата сопственичка структура имаат лице носител на јавна функција или член на неговото потесно семејство.



Прашан за овој случај, Премиерот Зоран Заев вечара изјави дека нема да бара оставки од функционерите за кои јавноста реагираше за нивата поврзаност со фирмите што добија грантови од Фондот за иновации и технолошки развој, бидејќи, според него, тие се повлекле и не го кршеле законот.

„Ако така бараме оставки потоа ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта. Тие апсолутно постапуваат етички, излегоа на прес-конференции да ги кажат своите ставови и тоа е фер однос. Проблемот е што во минатото не се откажуваа  и оставаа до крај  впечаток дека нешто не е етички или коректно,“ изјави Заев.

Премиерот додаде дека законот дозволува сите фирми да аплицираат, но под притисокот на јавноста, министрите и другите функционери ја преиспитале етичноста на своите постапкии тие самите ги повлекле пријавите на фирмите во кои што имаат удел, а одередени дури и почнале да ги продадат своите удели.



Претходна статија

ПРОПАГАНДАТА ПРОТИВ ЕУ И НАТО Е ДЕЛО НА МАЛА КРИМИНАЛНА ГРУПА

Следна статија

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА УБИСТВОТО НА САЗДО

Најново од Вести