ПРОПАГАНДАТА ПРОТИВ ЕУ И НАТО Е ДЕЛО НА МАЛА КРИМИНАЛНА ГРУПА

///

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска подвлече дека нашата земја веќе подолг временски период е изложена на интензивна и субверзивна пропагандна дејност, поврзана со ЕУ и НАТО интеграциите.

Тој нагласи дека зад пропагандата стои мала криминална група која нема идеолошка подлога туку дејствува во цел на остварување на своите Лични интереси.

Тоа мала и слаба група која водена од лични интереси делува како гласноговорник на одредена структура, а нејзината цел е во јавноста да создаде слика за тоа дека во Македонија има критична маса која се противи на членството на земјата во ЕУ и НАТО.

„Тука се користи и моќта на медиумската пропаганда. и сето тоа не се прави врз основа на идеологија, туку врз основа на криминал. Тие преку таквите процеси гледаат како да се извлечат од кривичните пријави покренати против нив или нивни блиски луѓе“, изјави министерот, во одговор на пратеничко прашање поставено од Павле Богоевски.



МВР заедно со другите надлежни органи, како и партнерските служби на РМ го набљудуваат развивањето на субверзивната кампања во поклед на нејзините евентуални ризици по земјата, но медиумите мора да останат искучени од истрагата.

Премиерот Заев веќе откри дека проруски бизнисмени биле директни покровители на некои од учесниците во протестите и дека полицијата за ова добила информации по приведувањето на осомничените за насилните протести пред Собранието минатиот месец по влегување на договорот со Грција во собраниска процедура. Сумите коишто се споменуваат се движат од 13 до 21 илјади долари за организирање демонстрации од насилен тип пред одржувањето на референдумот.

Претходна статија

БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ : ЕУ НЕ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ СО МАГИЧНО СТАПЧЕ

Следна статија

МВР ЈА ОДЗЕМА ДОКУМАНТАЦИЈАТА ЗА ГРАНТОВИТЕ

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,