БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ : ЕУ НЕ ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ СО МАГИЧНО СТАПЧЕ
Според Благојче Атанасоски влезот во ЕУ нема со магично стапче да ги реши сите проблеми со кои се соочува Македонија, како што се патна инфрастуктура, корупција и д.р, бидејќи тоа е прашање кои треба сами да го решиме внатрешно но сепак тој нагласува дека земјите кои од Источна Европа се членки на ЕУ имаа големи позитивни промени, во што многу помогнала токму интеграцијата на овие земји во ЕУ. За НАТО тој нагласи дека влезот во овој воен сојуз не е поради страв од напад од некој од нашите соседи кои веќе се во НАТО, туку гарант кој трајно ќе го заштити суверинитетот на Македонија, која сега поради својата нестабилност е во ист кош со држави како што се Босна и Херцеговина и Косово, додека со влезот во НАТО на Макеоднија ќе и се гарантира нејзиниот територијален суверинитет и интегритет и ќе исчезнат можните опасности за нејзина поделба и трајно излегување од овој кош на три нестабилни земји на Балканот.

