ПЕНДАРОВСКИ: НЕМА ПОМИЛУВАЊЕ ЗА ЛИЦА КОИ НАПРАВИЛЕ КРИВИЧНО ДЕЛО БЕЗ ПРЕСЕДАН

/

Пендаровски во врска со настаните од 27ми април го повторил ставот дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа не доаѓа предвид, зошто нивната вина во тој процес неспорно била утврдена во судскиот процес, пренесува 24 Вести.

„Во однос на правната квалификација на делото, факт е дека тие лица не беа осудени за кривично дело тероризам, туку по друг член за терористичко загрозување на уставниот поредок. дејствијата со кое може да се изврши тоа кривично дело се слични, запретената казна од 10 години идентична. За 27ми април постои пресуда за луѓе кои беа дел од истата топка која го претепа Зијадин Села. Ако се следи правната квалифијкација на таа пресуда, тие луѓе беа осудени, но не беа судени за кривично дело тероризам, туку за убиство во обид.“ – рече Пендаровски.

„Мојот став е дека ако има нови докази кои порано биле непознати и кои може да го преобраат процесот, не значи дека јас заговарам преотварање на процесот. Само ја цитирам одредбата од законот и законската можност според која тие луѓе преку нивните адвокати по правен лек може дап обараат од Врховниот суд да ги оценат новите докази, ако  тиепостојат. Одлуката да се повтори процесот, ја носи судот, а не некој политичкит фактор“ – истакна Пендаровски.



Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

ВО ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ ПРИОРИТЕТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ЌЕ ИМААТ ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ

Следна статија

ПЕНЗИОНЕРКА ОД ШТИП СО МЕСЕЦИ НЕ ДОБИВА ПЕНЗИЈА, ЈА СМЕТААТ ЗА ПОЧИНАТА

Најново од Вести