ТАТКО ОД НЕМАРНОСТ СИ ЈА УБИЛ 6 МЕСЕЧНАТА ЌЕРКА

/

Полицијата во Аргентинна го уапсила очувот Хесус Микаела (26) поради сомнение дека од немарност ја убил 6 месечната поќерка.

Девојчето починало откако Хесус наводно ја фрлил кон вентилаторот кој се наоѓал на плафонот за време на игра.Трагедијата се случила за време на викендов во Аргентина.

Според Дејли Меил кој се повикува на локални медиуми, Хесус ја шетал низ куќата и повремено ја фрлал во воздух бидејќи тоа ја засмејувало.Во еден момент не проценил олку е блиску вентилаторот, па во еден момент пропелер ја удрил по главата и и задал тешки повреди опасни по живот.

Девојчето е одведено во болница, но и покрај напорите на лекарите, починала следното утро.



„Сестра ми готвеше во кујната, а јас ја поставував масата. Видов дека си игра со бебето и му реков дека ручекот е скоро готов. Во следниот момент слушнав тап звук од удар, а по тоа тој дотрча носејќи го детето во раце, а маицата му беше кррвава, раскажала тетката на девојчето.

Медиумите велат дека роднините кои биле во куќата биле толку лути на него што сакале да го претепаат, а откако стигнал во болница несреќното момче е уапсено за убиство од немарност.

Извор: ТВ Стар

Претходна статија

ТУРЦИЈА ГИ ЗАБРАНУВА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ

Следна статија

ДВАЈЦА ПРИВЕДЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТРГОВИЈА СО НАРКОТИЦИ

Најново од Вести