|

Д-Р ТАРАВАРИ СО ЕМОТИВНА ПОРАКА: ЧУВАЈТЕ СЕ, ЌЕ ИМАМЕ МНОГУ ПОВОДИ ЗА ПРОСЛАВИ НО ТРЕБА ДА ГИ ДОЧЕКАМЕ СИТЕ ЗАЕДНО

Градоначалникот на општина Гостивар д-р Арбен Таравари, кој се бори со вирусот Ковид-19 испрати емотивна и охрабрувачка порака до своите пријатели, роднини и колеги преку социјалната мрежа Facebook.

„Драги пријатели, роднини, колеги,Благодарност за поддршката што ми ја давате сево ова време додека сум во изолација поради коронавирусот. Длабоко се извинувам што не успевам да одговорам секому поединечно.Морам да признаам дека многу ми значи вашиот збор. Кога човек е кршлив, немоќен, стравува за себе и најблиските секоја убава мисла, топол збор, надеж и искреност се поттик да се бориш силно и да си помогнеш и себеси и најблиските. Благодарение на тоа, се чувствувам подобро иако сè уште се борам со последиците од вирусот. Боли она што го носи вирусот, боли за себе и за сите оние што беа погодени и настрадаа од него.Драги мои, ве молам, внимавајте на себе во оваа битка, зашто во неа непријатели најмногу сме си самите себеси. Празници, поводи за прослава, дружење, релаксираност и спокој ќе има многу и во иднина. Да ги дочекаме сите заедно!“, пишува д-р Таравари.

Слични Објави