УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ДА ЗАТВОРААТ ВО 18 ЧАСОТ- НОВИ ПАКЕТ МЕРКИ ОД КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалната мрежа facebook објави дека нов пакет со рестриктивни мерки подготвен од Комисијата за заразни болести ќе биде препорачан до Владата во периодот од 18 декември до 21 јануари.

loading...

Пакетот мерки вклучува:

➡ Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега;

➡ Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;

➡ Во престојниот период, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири во периодот на празниците;


loading...

➡ Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.

На хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.На сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.

На денешната седница на Комисијата за заразни болести биле присутни и преставници на Независната угостителска комора, информира Филипче.