ВМРО СО ПРОТЕСТ ПРЕД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗАРАДИ ИЗМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ КОДЕКС

„„Демократите“, „Мутрите“ и луѓето на Слави ги изгазија сите видови демократски принципи

Утре, 28 април 2021 година (среда), во 8.30 часот, пред бугарскиот Парламент, ВМРО ќе организира акција против непринципиелната и опасна ревизија на изборните правила, за кои „новите“ пратеници имаат намера да гласаат на второ читање оваа недела. После „принципиелната промена“ на Деловникот за работа на Парламентот, на предлог на ДБ, пратениците си изгласаа зголемување на платите за 25% и всушност овозможија нивната месечна плата да достигне и надмине 10 илјади лева, тие исто така непринципиелно посегнаа и на некои основни постулати во избирачкото право на Бугарија.

Во петокот, со целосна согласност пратениците во Парламентот го прифатија укинувањето на бројот на секции во земјите што не се членки на ЕУ, со што се врати водечката улога на етничката партија ДПС и Ердоган во бугарскиот политички живот. Тие, исто така, на прво читање ги усвоија целосно популистичките и опасни за демократијата, право на личен избор и тајноста на гласачкото ливче по пошта. Денес во Парламентот во правната комисија „Демократи“, „Мутрите“ и луѓето на Слави тенденциозно го одзедоа правото на ВМРО да има свои претставници во одделните комисии и Реонските изборни комисии. Право што ни припаѓа како партија со двајца претставници во Европскиот парламент. Како дел од минатиот состав на Парламентот, не си го дозволивме тоа, во споредба со, да речеме, Демократска Бугарија. Затоа што за нас политиката е прашање на чест, морал и чесни правила за спроведување на избори.

Сепак, новите лица на бугарскиот парламентаризам очигледно доста добро го разбираат изборот на народот и со искрен реваншизам тие се движат кон нешто многу опасно – диктат во име на сопствениот политички опстанок.



Што следи од тука па натаму – укинување на чл. 1 од Уставот и прогласувањето на нивните пратенички мандати за неопределено време и истите да бидат наследни.

Ова, дами и господа, не е демократија, не е парламентаризам. Ова е нео-болшевизам според правилата на Сталин“, стои во соопштението на ВМРО БНД.