ПЕНДАРОВСКИ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ВЕДНАШ ДА СЕДНЕМЕ НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА СО БУГАРИЈА

/

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, од Брисел порача дека земјата е подотвена веднаш повторно да седне на преговарачка маса со Бугарија за да се надмине билатералниот спор и да се отвори патот кон ЕУ.

Претседателот денеска одржа средби со речиси сите највисоки челници во институциите на ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шефот на дипломатијата на ЕУ Јосеп Борел, претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, и други.

На средбите, како што рече Пендаровски, најголем дел од разговорите биле посветени на спорот со Бугарија поради кој Северна Македонија не може да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ и покрај позитивната одлука за почеток на преговори донесена пред повеќе од една година во ЕУ.

Проблемот, според Пендаровски. е што изборите во Бугарија завршија без јасен победник и веројатно ќе има нови избори во јули, до тогаш ќе има само техничка влада која нема легитимитет да носи одлуки.-Ние сме подготвени уште денес да се вратиме на масата, рече претседателот, но со познатите црвени линии во преговорите.



За него е неопходно сега да се идентификува соговорник од бугарска страна, без разлика дали станува збор за поединец, институција или влада.

-Зависи само од Бугарија, рече претседателот на државата.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

ВМРО СО ПРОТЕСТ ПРЕД БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗАРАДИ ИЗМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ КОДЕКС

Следна статија

КАЦАРСКА НЕ ГЛЕДА ПОТРЕБА ЗА НОВО СУДЕЊЕ ЗА „27 АПРИЛ“

Најново од Вести