| |

МНР на Бугарија: Русија сака да ја дискредитира Бугарија заради нејзината поддршка за Украина

Министерството за надворешни работи на Бугарија ja определи како уште еден хибриден напад изјавaта на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, дека Бугарија е вмешана во шверц на западно оружје од Украина.

„Ваквите агресивни тврдења се целосно неосновани, без никакви докази и апсолутно невистинити. Република Бугарија е полноправна членка на Европската унија и НАТО, организации засновани на заеднички демократски вредности и принципи, и доследно ги исполнува преземените обврски да почитува строги стандарди за извозна контрола“, се наведува соопштението на МНР на Бугарија.

Од Министерството нагласуваат дека Бугарија ги применува највисоките стандарди за транспарентност, отчетност и меѓународноправна контрола во областа на трансферот на оружје, при што секое дејство во оваа сфера е под строг надзор од страна на националните и сојузничките надлежни институции и органи.

„Тврдењата изнесувани од официјални претставници на Руската Федерација претставуваат уште еден епизод од непријателската дезинформациска кампања, дел од поширок хибриден напад, со цел дискредитација на земјите-членки на НАТО и ЕУ кои ја поддржуваат Украина во нејзината праведна самоодбрана против незаконската руска воена агресија“, истакнуваат од МНР.



Слични Објави