ЛЕФКОВ: ПАДОТ НА ЗАЕВ Е НЕИЗБЕЖЕН, НЕОПХОДНИ СЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ
Обидот на Заев за широка коалиција е политика купи ден помини. Тоа е најава да обвинувањата за нефункционирањето на државата, да преминат на контото на опозицијата, односно е дел од маркетингот на Заев да се обвинува опозицијата за се она што не успеал да го направи, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.
Лефков истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја препозна манипулацијата на Заев и криминалци како него нема компромис, неговиот пад е неизбежен, а решението се предвремени парламентарни избори, бидејќи ова е уште една лажна изјава како тие дека нема да се менува името или дека е добиен датумот за преговори со ЕУ.
„Ние јасно кажавме дека нема место за компромис со криминалци, владата на Заев единствено треба да си оди. Предвремени парламентарни избори во моментов се најдобро решение. Да се формира експертска влада, 100 дена рок, па да одиме на избори да изградиме влада која знае како се работи и како се води држава, изјави Лефков.
Тој додаде дека Заев знае дека ќе има одговорност за многу негови постапки и бидејќи не е спремен да оди во опозиција и сега се труди да ја рециклира целата ситуација која не му оди во прилог и да наметне сценарија во кои ќе биде близок до власта.
„Падот на Заев е неминовен. Сите се свесни, освен таа елита околу Зоран Заев на кои самиот тој не им ги кажува тие вести дека работата е завршена и дојден е крајот. Затоа е овој театар кој се прави и кој нема да му успее, дециден е Лефков.