| |

СОЗДАВАЧИТЕ НА „СПУТНИК ВЕ“: БАРАМЕ ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ

Креаторите на руската вакцина против корона вирусот „Спутник Ве“ (Спутник V) побараа јавно извинување од претседателката на Европската агенција за лекови, Криста Виртумер Хохе, која ја спореди можноста за итно одобрување на вакцината во Австрија со „руски рулет“.

„Бараме јавно извинување од Криста Виртумер Хохе од Европската агенција за лекови за нејзините негативни коментари за земјите од Европската унија кои директно ја одобруваат„ Спутник Ве “(Спутник V). Нејзините коментари покренуваат сериозни прашања во врска со можно политичко мешање во процесот на експертиза. Европската агенција за лекови не даде такви тврдења за ниту една друга вакцина. Ваквите коментари се несоодветни и ја поткопуваат довербата во агенцијата и во самиот процес на експертиза. Вакцините и Европската агенција за лекови треба да бидат над политиката“, објавија креаторите на руската вакцина на Твитер.

Слични Објави