(Видео) К8: Кратка ретроспектива на 2025 г.- разговор со Филип Петровски
Во најновото издание на македонско-бугарскиот подкаст „Коридор 8“, фокусот беше ставен на кратка ретроспектива на 2025 година.Гостин во емисијата беше универзитетскиот професор и политички аналитичар Филип Петровски.
Во разговорот, посебно внимание беше посветено на трагедијата во Кочани, која остави длабока трага во јавноста и повторно ги отвори прашањата за институционалната одговорност, безбедноста и солидарноста во општеството.
Тема на разговорот беше и влезот на Бугарија во Шенген, како и влезот на земјата во еврозоната од 1 јануари 2026 г, настани кои имаат значајни геополитички и економски импликации за целиот регион. Во тој контекст, беше нагласено дека интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија останува главен интерес на граѓаните на земјата, без разлика на политичките разлики и општествените предизвици.

