| |

НУХИУ: ПЕТМИНА ВРАБОТЕНИ ВО МВР ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус, додавајќи дека постои и ризик по полициската станица Петровец.

„Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни пет вработени во полицијата, додека во Полициската станица Петровец постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба“, објави Нухиу на „Фејсбук“.



Слични Објави