| |

БОРИСОВ МУ ПОНУДИЛ НА ЗАЕВ ЗАЕДНИЧКИ БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ АМБАСАДИ

Премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов му понудил на македонскиот премиер Зоран Заев заеднички дипломатски претставништва на Бугарија и Македонија во некои земји, според моделот на скандинавските земји. Двајцата премиери се наоѓаат во Рим по повод прославата на 24-ти мај. За прв пат официјални високи претставници на Бугарија и Македонија заедно го прославија делото на светите браќа Кирил и Методиј. Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, ја опиша како „историска“ заедничката прослава во Рим.
Можно е Бугарија да и дозволи на Република Македонија да ги користи бугарските дипломатски претставништва во земјите, каде што нашиот сосед нема такво претставништво, рече Захариева по повод разговорите на Борисов и Заев. Ова ќе биде уште еден знак на зближување, изјави таа во интервју за државната Бугарска Национална Телевизија.



Слични Објави