Ромски здруженија на протест против полициската бруталност

/

Неколку граѓански здруженија се сообраа на протестот во организација на невладината организација „Аваја“, кој е поврзан со случајот во Битола од минатиот септември кога полицаец физички нападна Ром во центарот на градот откако возачот под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа.

Протестот почна пред Кривичниот суд.

Со пресудата полицискиот службеник е прогласен за виновен и определена му е затворска казна од една година.

Со протестот се бара пресудата да стане правосилна.



Од „Аваја“ велат дека дошле и пред ОЈО бидејќи веќе една година не е процесирана нивната кривична пријава против тројцата полицајци.

„Денес тука сме сите собрани во име на сите жртви на полициска бруталност, на сите оние кои молчеле, на сите оние кои се плашат да говорат јавно за насилството, на сите оние кои не ја добиле правдата во судските постапки и за сите оние кои и никогаш не стигнале да ја имаат можноста за судска постапкa”, беше порачано на протестот.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Заминувањето на Заев не значи и крај на заевизмот, потребни се избори

Следна статија

Судот во Стразбур постапува по жалбата на Камчев за кршење на човековите права

Најново од Вести