ВЕНЕЦУЕЛА ЈА СУСПЕНДИРА АВИОКОМПАНИЈАТА СО КОЈА ЛЕТАШЕ ЛИДЕРОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ГВАИДО

//

Властите на Венецуела ја суспендираа португалската авиокомпанија „ТАП ер Португал“, со чиј авион лидерот на опозицијата Хуан Гваидо се врати во земјата од меѓународната турнеја.

Својата тринеделна турнеја во Европа и посетата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во Белата куќа, Гваидо ја заврши со лет до Каракас со компанијата „ТАП ер Португал“, а со него бил и вујко му.

Властите во Венецуела го уапсиле вујкото на Гваидо на аеродромот обвинувајќи го дека се обидел да внесе експлозив во земјата.

Потпретседателката на државата, Делси Родригез, соопшти дека летовите на португалската авиокомпанија во земјата и надвор од неа се суспендирани на 90 дена, а од Министерството за транспорт соопштија дека отвориле истрага за сериозно кршење на локалните прописи.

„Венецуела мора да се почитува“, напиша Родригез на „Твитер“.

Од авиокомпанијата соопштија дека работат во согласност со сите законски и безбедносни процедури и дека не ги разбираат причините за суспензија.



„Ова е сериозна мерка што им штети на нашите патници, без притоа компанијата да добие шанса да се спротивстави на обвинението“, соопштија од ТАП, пренесе „Ројтерс“.

Народното собрание на Венецуела го прогласи Гваидо за привремен претседател на државата кога му изгласа недоверба на Николас Мадуро. Гваидо положи заклетва на 23 јануари 2019 година.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ШКРИЈЕЉ: ЛИЦАТА БЕЗ ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ ИЗВОД

Следна статија

ДИМИТРОВ УТРЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ШПАНИЈА

Најново од Вести