| |

Вечерва во Албанскиот театар во Скопје ќе биде поставена претставата „Богот на масакрот“ на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија

Вечерва со почеток од 20 часот во рамките на 20-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“ ќе биде поставена претставата на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија „Богот на масакрот“. Картите по цена од 200 денари можат да се подигнат на касата на Албанскиот театар во Скопје.

Режисер на „Богот на масакрот“ е Антон Угринов, а во претставата улогите ги толкуваат Александра Василева, Радена В’лканова, Владимир Карамазов и Јулијан Вергов. Сценографијата и костимите се дело на Никола Тороманов, а композитор е Калин Николов.

Слични Објави