Британското разузнавање: Украина напредува во окупираните територии од страна на Русија
Неделната контраофанзива на Украина напредува на територијата окупирана од руските сили од 2014 година, се вели во дневниот извештај на британското разузнавање за војната во Украина објавен денеска.
„Украинските сили напредуваа источно од селото Краснохоривка, во близина на градот Донецк, во источна Украина“, се вели во извештајот објавен на „Твитер“.
„Неодамнешните повеќекратни симултани украински напади во Донбас веројатно ги исцрпија силите на меѓународно непризнаената Народна Република Донецк и на чеченските единици, кои дејствуваат таму“, се вели во извештајот цитирајќи разузнавачки информации.
Британското Министерство за одбрана секојдневно објавува информации за напредокот на војната од нејзиното почнување пред повеќе од 16 месеци.
Москва го обвинува Лондон за насочена кампања за дезинформација.