ДРАМАТИЧЕН АПЕЛ НА МЕРКЕЛ: „ВЕ МОЛАМ, ОСТАНЕТЕ ДОМА“
Во своето видео-обраќање Ангела Меркел апелираше до Германците поради коронавирусот да ги редуцираат средбите со други луѓе и да не патуваат ако не е неопходно. Канцеларката упати повик за „тешки воздржувања“.
Германската канцеларка го искористи своето редовно неделно видео обраќање за да упати сериозен повик до граѓаните да придинесат за сузбивање на пандемијата. „Сега мораме да преземеме сѐ за да спречиме неконтролирано ширење на коронавирусот. Пресуден е секој ден”, порача Меркел.
„Ве молам, откажете се од секое патување ако тоа не е вистински неопходно, од секоја прослава, која не е вистински нужна. Ве молам, останете дома, во своето место, секогаш кога е тоа можно.”
„Наша е одлуката за тоа каква ќе биде зимата”
Германија, смета Меркел, се наоѓа во „исклучително сериозна фаза”, од ден во ден скоковито расте бројот на нови инфекции. Пандемијата повторно се шири рапидно, побрзо отколку на почетокот пред нешто повеќе од половина година. Релативно опуштеното лето е зад нас, сега претстојат тешки месеци. „Каква ќе биде зимата, како ќе изгледа нашиот Божик, ќе решиме ние самите во наредните денови и месеци. Одлуката ќе ја донесеме преку нашето однесување,” истакнува Меркел.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Deutsche Welle