ФРАНЦИЈА НЕ ГО ПРОМЕНИЛА СВОЈОТ СТАВ ЗА СТАРТОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО ЕУ
Повикувајќи се на дипломатски извори во Советот на ЕУ, Агенција Европа пренесува дека ставот на Франција за старт на преговори со Македонија и Албанија не е променет во однос на јуни, пренесува Фокус.
Како што јави МИА вчера, на последниот амбасадорски состанок немало напредок во дискусијата за стартот на преговори со двете земји кандидати.
-Ништо не е сменето, вели изворот на Агенција Европа.
Според медиумот „неколку земји“ сѐ уште имаат резерви за отпочнувањето преговори со двете земји. Франција и Данска немаат сѐ уште став, но „Франција не покажа голем оптимизам“, дознава Агенција Европа од свои извори.

