|

ЗА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БИДАТ ПРИОРИТЕТ ПАТИШТАТА И ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА

Патната и железничката инфраструктура е суштинска не само за подобра комуникација на граѓаните, туку и за бизнис секторот. Оттука ВМРО-ДПМНЕ се обврзува пред народот дека следниот мандат токму инфраструктурата ќе биде еден од врвните приоритети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, клучни проекти во овој сектор ќе бидат изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проширување на патот Гостивар-Тетово со што би се добил современ автопат, Изградба на автопат Прилеп-Битола и експресен пат до Меџитлија, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш и др.

„Дополнително ќе се изработи проектните документации за автопатот Гостивар-Кичево, експресниот пат Струмица-Смоквица и автопат од Требеништа до Струга и друго. Во делот на железничката инфраструктура се предвидува отпочнување на изградбата на пругата Бељаковце-Крива Паланка- Деве Баир, но и набавка на 5 нови патнички возови и генерален ремонт и модернизација на постојните локомотиви. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“, се додава во соопштението.



Слични Објави