|

ДИМИТРОВ ПОБАРА ПОДДРШКА ОД ЛИТВАНИЈА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

„Досието на Северна Македонија во Брисел беше кристално чисто и неусловено, но сепак и покрај силните заложби на германското претседателство формалното отворање на преговорите во рамки на меѓувладина конференција сѐ уште не се случи поради несогласувањето на една држава.“,  изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на состанокот на Парламентарната група за соработка меѓу Северна Македонија и Литванија.

Димитров укажа на цврстиот став за натамошна посветеност на внатрешниот реформски процес:

„Европеизацијата ни е потребна за да ја донесеме Европа дома“ и посочи дека процесот на пристапување е потребен токму како алатка за реформи.

Димитров побара поддршка од пријателска Литванија за процесот на проширување, истакнувајќи дека всушност станува збор за комплетирање на Европа.

„Почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ ќе биде успех и за нашата држава, но и за сите земји-членки и самата ЕУ“- заврши Димитров.

Слични Објави