| |

Зеколи: Галама за бугарските клубови и робовски молк за српските партии формирани од Драгослав Бокан

„Толку галама за бугарски клубови, надмината единствено од робовскиот молк за српски партии формирани од Драгослав Бокан “четник и воен злосторник”, член на паравоените Бели Орлови поврзани со масакрот во Вочин, Хрватска 1991г. Запаметен по изјавата “кога ќе ги видам противниците како паѓаат мрѕтви, ме фаќа чувство на среќа”, пишува во објава на социјалната мрежа дипломатот Арсим Зеколи, како коментар на напис во српски Курир посветен на прославата на Свети Сава во Куманово во јануари и присуството на српскиот националист Драгослав Бокан на настанот.

„Ќе има ли “згрозување и гнев” на дежурните агентурни анти-фашисти во Македонија за партијата на Бокан, како што имаше за ова бугарско, она албанско? Се разбира дека не“, реторички прашува и дава одговор Зеколи.

„Дури, како што може да се види од написот, бокановата партија си има и свое крајишко-македонче од Куманово“, вели Зеколи во својата објава на социјалната мрежа Facebook.

Слични Објави