МНР на Бугарија: Четворица хоспитализирани по автобуската несреќа кај Одрин
Во сообраќајната несреќа на бугарски автобус со туристи во близина на граничниот премин „Капикуле“ се повредени 10 лица. Четворица од нив се примени на болничко лекување, четворица се со полесни повреди и нема потреба од хоспитализација, а двајца одбиле лекување. Ова го соопштија за БТА од бугарското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од Генералниот конзулат на Бугарија во Одрин, Турција, во врска со несреќата.
Генералниот конзулат на Бугарија во Одрин е во постојан контакт со локалните власти, го следи развојот на ситуацијата и е подготвен да ја обезбеди потребната конзуларна помош.
