ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ АМФЕТАМИН ЗА ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА

Италијанската полиција заплени рекордна количина амфетамини во форма на 84 милиони таблети произведени од ИСИС во Сирија.

Ова е најголема количина на амфетамин што полицијата досега ја запленила на глобално ниво“, соопшти полковник Доменико Наполитано, директор на финансиската полиција во Неапол.

„Пазарната вредност на дрогата се проценува на една милијарда евра. Таблетите се користат за „финансирање на тероризам“, се вели во соопштението на полицијата во Неапол.